• петок, 05 декември 2025

Словачката амбасадорка во посета на Штип

Словачката амбасадорка во посета на Штип

Штип, 7 ноември 2025 (МИА) - Во посета на Општина денеска беше  амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. На средбата со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов разговарале за потенцијални инвестиции, развој на туризмот и нови економски проекти. Универзитетот „Гоце Делчев“ и индустриските зони беа во фокусот како двигатели на идниот развој. Општината очекува конкретни резултати од оваа средба, нови партнери и капитал во градот.

-Навистина ми е драго што прв пат имавме можност да се сретнеме и да поразговараме за можностите, кои што ги имаме како општина со словачкиот народ и со потенцијални инвестиции од Словачка. Ги презентирав околностите во нашиот град, состојбите и можностите кои што ги нудиме. Можноста за развој на бањско рекреативен центар, туризам. Можностите во Технолошко-индустриската развојна зона, размената на знаења и околностите затоа што Штип е образовен центар, УГД е наш огромен потенцијал, така да се надева од овој разговор и средба ќе произлезе една соработка, која што ќе придонесе за развој на нашиот град и размена на искуство и на придобвки од соработката, рече Јорданов.

Словачка гледа кон Штип како кон нов партнер за економија, култура и образование. Амбасадорката Ивета Хрицова најави продлабочување на соработката и можни инвестиции во градот.

-Разговаравме за можноста да ја продабочиме соработка во економската област, во инвестициите. Ја допревме и културата и заедничките меѓучовечки односи. Имаме средба и со ректорот од УГД , каде што ќе бараме да понудиме можности на студентите, кои студираат во универзитетот. Да можеме да ги споиме вашиот Универзитет со нашиот. Словачка исто така има и заинтересиран инвеститор кој што би бил заинтересиран да дојде, но се уште се во преговори, истакна Хрицова. вдј/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан