Сиљановска-Давкова: Битката за младите, за најдобрите и најталентираните е битка за четвртата македонска Република
- Битката за младите, за најдобрите и најталентираните. Битката за знаењето наспроти незнаењето, за извонредноста наспроти просечноста, за креативноста наспроти деструктивноста, за заштита на нашите шуми, на животите и имотите на нашите граѓани од огнените стихии е битката за четвртата македонска Република, порача денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на чествувањето на 2 Август - Илинден, Денот на Републиката во Пелинце.
Куманово, 2 август 2024 (МИА) - Битката за младите, за најдобрите и најталентираните. Битката за знаењето наспроти незнаењето, за извонредноста наспроти просечноста, за креативноста наспроти деструктивноста, за заштита на нашите шуми, на животите и имотите на нашите граѓани од огнените стихии е битката за четвртата македонска Република, порача денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на чествувањето на 2 Август - Илинден, Денот на Републиката во Пелинце.
Во обраќањето претседателката рече дека на 2 август 1944 година, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја воспоставија слободната македонска држава врз републикански, демократски и антифашистички основи. Асномските документи, како што посочи, пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите. И денес, рече претседателката Сиљановска Давкова, нашата независна Република е компатибилна со проектот за обединета Европа бидејќи во нашите асномски темели се препознаваат напредните европски вредности.
Осврнувајќи се на минатото, претседателката посочи дека секој народ има Француска револиција. Кај нас Крушевската република, иако мала по обем и краткотрајна, со својот полет, одушевување и идеали многу потсетува на првите денови на Големата револуција. Зборувајќи за минатото и за борците, од 2 август пред 80 години, Сиљановска-Давкова рече дека асномските документи пулсираат со европските прогресивни идеали и се повикуваат на правото на самоопределување и рамноправност меѓу народите.
Зборувајќи за младите, таа рече дека секоја генерација има свои должности и права.
-Ако денес, 80 години потоа, ги прашате младите генерации, кое човеково право им е најважно, верувам дека огромен дел од нив ќе речат – правото на напредок, правото на потрага по среќа. Потрагата по среќа, за мене, не е холивудско клише, туку насушна потреба на човекот осмислено да придонесува за доброто на заедницата во која и самиот припаѓа, рече претседателката.
Во однос на тоа зошто младите се отселуваат, Сиљановска-Давкова посочи дека животниот стандард не е единствената причина, во смисла на плати, туку пред се е владеењето на правото, односот на институциите кон граѓаните и меѓучовечките односи.
-Успехот на Републиката се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите. Токму ова право е загрозено од корупцијата и од непотизмот коишто изминативе години и децении, создадоа двојни стандарди, го нарушија владеењето на правото и го поткопаа општото добро. Но, и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски и евроатлантски интеграции коишто ја исцрпуваа државата, додаде претседателката.
Сиљановска-Давкова укажа дека младите ги следат зборовите на нвоизбраната власт и тоа ќе вијале на нивните одуки за останување или заминување. Според претседателката, македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, како што посочи, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место, рече претседателката, беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија.
-Поклонувајќи се пред спомениците на нашите илинденци, партизани и асномци, ќе забележиме дека и покрај разликите, речиси сите имаат две нешта заеднички. Тоа се нивните идеали и нивната младост. Во минатото, младите се жртвуваа за нашата слобода. Денес, ние мора да се жртвуваме за иднината на младите. Таа наша жртва подразбира да не правиме компромис со нивната иднина. Колку и да е тешко, ние мора да создаваме услови за младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци не само да трагаат, туку и да ја остваруваат својата среќа тука во нашата единствена и нивна заедничка татковина. Да ги оставиме на страна поделбите и караниците, тесните партиски и лични интереси, и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. Преку таа жртва, ние всушност ќе учествуваме во создавањето на новата, четврта македонска република, рече престедателката.
Таа посочи дека ова е битка за младите е битка за четвртата македонска Република, битката за најдобрите и на најталентираните, на креативноста наспроти деструктивноста, битка за четвртата македонска Република. Во говорот ги спомна и шумите за кои рече дека и тоа е битка.
-Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, со компетитивна економија, со демократски вредности и демократска политичка култура, со човекови права и слободи, конечно, со функционални системи што ќе можат да се справат со пожарите, поплавите и другите елементарни непогоди. За да ја добиеме оваа битка, мора да ги вклучиме младите во секоја етапа на носење одлуки што се однесуваат на нив и на нивната иднина. Ние не смееме да носиме одлуки за младите без младите. Оваа битка е и нивна битка, ваша битка, што можете да ја водите само тука, во својата татковина. Оваа битка мора да започне уште денес и ние мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети. Вистинскиот патриотизам се докажува не со празни зборови, не со гола реторика, туку со работа, со труд, рече престедалката.
Таа најави дека ќе ги искористи уставните и законските ингеренции за доброто на граѓаните и за иднината на Републиката, укажувајќи дека наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро, како да се издигнеме и да постигнеме нови успеси и победи.
Во говорот се осврна и на соработката со стратешките партнери и европски пријатели, за кои кажа дека се врвен приоритет.
-Нашата Република беше зачната од европските идеали за слобода од тиранијата, еднаквост пред законот, братство меѓу луѓето и народите. Тоа нѐ прави еднакви наследници на врвните европски придобивки. И затоа, освен географски, ние и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство. На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија, рече претседателката.
Таа повика да се помогнат младите на автенитчен, креативен начин исто како илиденците и асномците да креираат европски вредности и придобивки, посочувајќи дека така ќе се направи Републиката пристојно место за живеење, за граѓаните од сите заедници, религии.
-Ќе завршам како што почнав. Истата 1939-та, кога 150-годишнината од Француската револуција се одбележуваше во сенката на Втората светска војна, од печат излезе уште една мала, но многу важна книга, којашто исто така беше цензурирана и забранувана. Но, пред да биде запленета и уништена, и оваа книга беше поделена меѓу напредната македонска младина. Во фашистичкиот мрак којшто во тој период веќе се спушти над Европа, авторот на оваа книга ги навести белите мугри на македонската слобода, рече претседателката.
Сиљановска-Давкова положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамките на чествувањето настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Цвеќе положија собраниска делегација, владина делегација, сојуз на борци, на генералшатбот на Армијата, на локални власти на Куманво и Старо Нагоричане, на дипломатскиот кор, полтитички партии, граѓански здруженија. ам/бт/
Фото: Кабинет на Претседателот на Северна Македонија