• среда, 10 јули 2024

Синер за поразот од Медведев: Пред мечот не се чувствував добро, но ова не ги намалува заслугите на Данил

Синер за поразот од Медведев: Пред мечот не се чувствував добро, но ова не ги намалува заслугите на Данил

Лондон, 10 јули 2024 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер се осврна на поразот од Русинот Данил Медведев во четвртфиналето на Вимблдон.

Медведев вчера победи во пет сета - 6:7 (7:9), 6:4, 7:6 (7:4), 2:6 и 6:3.

- Веќе утрово не се чувствував многу добро. Имав некои проблеми, а потоа на нив се додаде и заморот. Ова не ги намалува заслугите на Данил, тој играше многу паметно, добар тенис. Земав медицински тајмаут бидејќи ми стана лошо. Кога се вратив на теренот, дадов максимум во тој момент. Секако дека сум разочаран од третиот сет. Во четвртиот сет можев да го подигнам своето ниво, а во петтиот направив еден лош сервис, кој го реши исходот на мечот, изјави Синер за „The Tennis Letter“.

Медведев во полуфиналето ќе игра против Карлос Алкараз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан