• недела, 12 мај 2024

Синер го освои трофејот на Мастерсот во Мајами

Синер го освои трофејот на Мастерсот во Мајами

Мајами, 1 април 2024 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа го победи бугарскиот репрезентативец Григор Димитров во два сета во финалето на Мастерсот во Мајами.

Натпреварот траеше 1 час и 14 минути и заврши со резултат 6:3 и 6:1.

Синер сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од осум брејк топки.

Димитров имаше шест асови, една двојна грешка и не искористи една брејк шанса.

По освојувањето на турнирот, Синер за прв пат во кариерата ќе стане светски рекет број два, надминувајќи го Шпанецот Карлос Алкараз на ВТА. 

За 22-годишниот тенисер ова е 13. титула на АТП турнејата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан