• недела, 22 декември 2024

Халанд: Го имам Пеп Гвардиола кој се грижи за мене

Халанд: Го имам Пеп Гвардиола кој се грижи за мене

Манчестер, 11 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд е задоволен од начинот на кој се развива неговата кариера во Англија.

- Јас сум на совршено место: млад сум, го имам Пеп Гвардиола кој се грижи за мене. Добро ми оди, ми се допаѓа и среќен сум! Сакам повеќе. Мојата единствена цел е да ја освојам Премиер лигата и потоа ќе се фокусирам на освојување на ФА Купот. Сакам да освојувам повеќе големи трофеи бидејќи чувството да се освои тројната круна беше нереално. Навистина уживав, па би сакал да го направам тоа повторно, изјави Халанд, за „AS“.

Сезонава Норвежанецот одигра 53 натпревари на сите турнири. Напаѓачот има 52 гола и девет асистенции. 

По 35 средби, Манчестер сити е на второто место во табелата во Премиер лигата, со еден бод помалку од Арсенал. Во исто време, тимот на Гвардиола има натпревар помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан