Синдикат на ,,Еуроникел": Блокадата на патот Градско - Прилеп продолжува додека не добиеме плата за октомври
- Блокадата на патот Градско - Прилеп продолжува додека не биде исплатена платата за за октомври, изјави денеска претседателот на Синдикат во „Еуроникел индустри", Миле Ѓорѓиев.
![Синдикат на ,,Еуроникел](https://mia.mk/images/20231129131851_big_730x400_76.webp )
Кавадарци, 29 ноември 2023 (МИА) - Блокадата на патот Градско - Прилеп продолжува додека не биде исплатена платата за за октомври, изјави денеска претседателот на Синдикат во „Еуроникел индустри", Миле Ѓорѓиев.
Тој уште еднаш повика на помош и поддршка за спас на фабриката, од која директно зависат околу 800 семејства, а индиректно многу повеќе и претставува значаен субјект за кавадаречката, но и македонската економија.
Ѓорѓиев апелираше за разбирање од страна на државните органи, исплата на повраток на ддв, а истовремено ги повика странските газди да го остават гигантот ако не мислат комбинатот да работи и да се изнајде инвеститор кој ќе ја врати во живот фабриката. свд/са/
Фото : МИА архива