Синдикатот во судството во Србија в среда ќе одржи целодневен штрајк
- Синдикатот во судството во Србија в среда ќе биде во целодневен штрајк со образложение дека се уште не се исполнети нивните барања за подобрување на финансиската состојба на вработените во правосудството, јави МИА од Белград.

Белград, 24 март 2025 (МИА) - Синдикатот во судството во Србија в среда ќе биде во целодневен штрајк со образложение дека се уште не се исполнети нивните барања за подобрување на финансиската состојба на вработените во правосудството, јави МИА од Белград.
Синдикатот во соопштението посочува дека во меѓувреме на вработените во правосудството им се упатувани закани за задржување на дел од платата за времето поминато во штрајк, а „Министерството за правда не покажало ни најмала волја да разговара за изнаоѓање компромисно решение во однос на барањата“.
Синдикатот смета дека е целосно нелегитимно да се одземе заработката на вработените пред да започне преговарачкиот процес.
Синдикатот нагласува дека Владата е во технички мандат, но дека таа и членовите може да потпишат протокол што е формулиран со барањата, а поради тоа и со нова одлука за целодневен штрајк одложен е рокот за исполнување на барањата и сега гласи - во рок од 15 денови од формирање нова влада“. зш/