• вторник, 25 март 2025

Европејците сакаат ЕУ да ги заштитува и да дејствува поединствено 

Европејците сакаат ЕУ да ги заштитува и да дејствува поединствено 

Брисел, 25 март 2025 (МИА) - Дури 74 отсто од граѓаните на ЕУ сметаат дека нивната земја има корист од членството во Унијата, две третини од нив сакаат блокот да игра поголема улога во нивната заштита од глобалните кризи и безбедносните ризици, а 89 проценти сметаат дека нејзините членки треба да дејствуваат пообединето во соочувањето со актуелните предизвици, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар „Зима 2025“ на Европскиот парламент објавени денеска. 

По повод објавувањето на анкетата, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола изјави дека нејзините резултати покажуваат дека две третини од Европејците сакаат ЕУ да игра поголема улога во нивната заштита.  

- Ова е јасен повик за акција на кој ќе одговориме. Европа треба да биде посилна за нашите граѓани да се чувствуваат побезбедни. Европскиот парламент ќе се погрижи секој предлог што ќе биде поднесен да биде доволно храбар и доволно амбициозен за да одговара на сериозното ниво на закана со која се соочува Европа. Европа мора да се засили денес, или ризикува да биде потисната на страна утре, изјави Мецола. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, истражувањето покажува дека 66 отсто од граѓаните на ЕУ сакаат Унијата да преземе поважна улога во нивната заштита од глобалните кризи и безбедносните ризици, а ваквиот став е особено силен меѓу помладите испитаници. Гледано по земји, ваквиот став најмногу го споделуваат жителите на Шведска, дури 87 отсто, а најмалку на Романија и Полска - 47, односно 44 проценти. 

Речиси три четвртини од граѓаните на ЕУ или 74 проценти сметаат дека нивната земја има корист од тоа што е членка на ЕУ, што претставува највисок резултат досега забележан во истражувањето на Евробарометар за ова прашање откако прв пат е поставено во 1983 година.  

Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Северна Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои треба да овозможат ослободувањето на предфинанси

Соодветно на актуелниот контекст, како главна причина зошто членството во ЕУ го сметаат за корисно за нивната земја, 35 отсто од испитаниците го навеле придонесот на Унијата во одржување на мирот и зајакнувањето на безбедноста. 

Дури 89 отсто од анкетираните оцениле дека земјите членки на ЕУ треба да бидат поединствени за да се соочат со актуелните глобални предизвици, а 76 проценти дека на Унијата и се потребни повеќе средства за справување со идните предизвици. 

Како области на кои ЕУ треба најмногу да се фокусира за да ја зајакне својата позиција во светот, Европејците ги посочуваат „одбраната и безбедноста“ со 36 отсто, пред „конкурентноста, економијата и индустријата“, што како одговор го избрале 32 проценти од испитаниците, по што следуваат „енергетската независност“ (27 отсто), „безбедноста на храната и земјоделството“ (25 проценти) и „образованието и истражувањето“ (23 отсто). 

Над четири од десет Европејци или 43 отсто сметаат дека како приоритетни прашања на кои треба да се посвети ЕУ се „инфлацијата и растот на цените и трошоците за живот“, по што следуваат „одбраната и безбедноста“ и „борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост“ со по 31 процент и „поддршката за економијата и отворањето нови работни места“, што е пиоритет за 29 проценти од анкетираните.  

Во однос на идните очекувања, 33 отсто од испитаниците очекуваат намалување на нивниот животен стандард во следните пет години, што претставува зголемување за седум процентни поени во споредба со анкетата на Евробарометар спроведена во периодот јуни-јули 2024 година. Најголемо стравување за намалување на животниот стандард имаат Французите и тоа 53 отсто, што претставува зголемување за осум процентни поени, пред Германците со 47 проценти или раст од 15 процентни поени споредени со претходното истражување. 

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, преку формално писмо соопшти дека во наредните три недели институцијата ќе работи забавено во обид да се намали ширењето на Ковид-19.

Главни вредности што би требало да ги брани Европскиот парламент, според анкетата, се „мирот“, за кој се изјасниле 45 отсто од анкетираните, „демократијата“ со 32 проценти и „заштитата на човековите права во ЕУ и во светот“ со 22 проценти. 

Половина од испитаниците или 50 отсто имаат позитивна слика за ЕУ, што е највисоко стапка во истражувањата на Евробарометар во оваа деценија, по она од пролетта 2022 година, кога таков став имаа 52 проценти од анкетираните. 

Позитивната слика за Европскиот парламент имаат 41 отсто од Европејците, што е непроменето во однос на претходната анкета, а 62 проценти од нив би сакале ЕП да игра поважна улога во Унијата, што претставува зголемување за шест процентни поени. 

Истражувањето на Евробарометар „Зима 2025“ на Европскиот парламент е спроведено во сите 27 земји-членки на ЕУ во период од 9 јануари до 4 февруари годинава. Со истражувањето биле опфатени 26.354 Европејци анкетирани „лице в лице“, а дополнително во Данска, Малта, Финска, Холандија, Чешка и Шведска се користени и видео интервјуа. сп/ 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан