• среда, 26 март 2025

Рубио ќе разговара за енергетската безбедност и илегалната миграција за време на патувањето на Карибите

Рубио ќе разговара за енергетската безбедност и илегалната миграција за време на патувањето на Карибите

Вашингтон, 25 март 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе разговара за енергетската безбедност на Карибите, илегалната имиграција и елиминацијата на транснационалниот криминал за време на неговото патување во регионот подоцна оваа недела, соопшти американскиот Стејт департмент.

За време на брифингот, американскиот специјален пратеник за Латинска Америка, Маурисио Клавер-Кароне, изјави дека американските обвинувања за работната програма со која се испраќаат кубански работници, особено медицински лица, во странство, исто така, ќе бидат меѓу темите за кои првиот американски дипломат ќе разговара со своите колеги. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан