• недела, 29 септември 2024

Силен земјотрес источно од Камчатка

Силен земјотрес источно од Камчатка

Москва, 7 јули 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди морското подрачје источно од рускиот полуостров Камчатка, соопшти Европскиот сеизмолошки метеоролошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 61 километар.

Епицентарот се наоѓал на 87 километри јужно од градот Уст-Камчатск Стари, град со околу 5.000 жители.

Засега нема информации за штети. јт/

Остани поврзан