• вторник, 24 декември 2024

Во Иран прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

Во Иран прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

Техеран, 28 септември 2024 (МИА) - Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна жалост, по убиството на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала.

„Прогласувам петдневна жалост во Исламската Република Иран. Испраќам сочувство до чесниот татко, сопругата и децата на нашиот драг Сеид, семејствата на мачениците, членовите на Хезболах, либанскиот народ и високи функционери, како и целото движење на отпорот“, се вели во твитот на Хамнеи на платформата Икс.

Претходно тој ги повика муслиманите со сите средства да го поддржат Либан и либанската група Хезболах во конфликтот со Израел. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан