• вторник, 05 ноември 2024

Ванг Ји во ОН: Без одложување да се воспостави сеопфатен прекин на огнот на Блискиот Исток

Ванг Ји во ОН: Без одложување да се воспостави сеопфатен прекин на огнот на Блискиот Исток

Њујорк, 28 септември 2024 (МИА) - Не смее да има одложување во постигнувањето на „сеопфатно примирје“ на Блискиот Исток, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на седницата на Генералното собрание на ОН.

Тој посочи дека во конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, решението кое подразбира две држави и натаму е единствениот излез од тензичната ситуација во регионот.

Ванг рече дека Кина се залага за мир во Украина и дека „не долева масло на огнот“ ниту за себе извлекува корист од војната на Русија против Украина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан