• петок, 22 ноември 2024

Силен дожд во источна Австралија, опасни поплави во Сиднеј, спасени 152 лица

Силен дожд во источна Австралија, опасни поплави во Сиднеј, спасени 152 лица

Сиднеј, 6 април 2024 (МИА) - Австралиските власти соопштија дека 152 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс по обилните дождови што предизвикаа предупредувања за жителите да се преселат на повисоките места.

Властите соопштија дека биле извршени 72 спасувања во најголемиот австралиски град Сиднеј, каде што дојде до опасни поплави во неколку ниски предградија.

На сила беа 15 наредби за итна евакуација низ целата држава, објавија службите за итни случаи, кои добиле 4.128 повици за помош во 24-часовен период.

„Водостојот на некои реки сè уште расте, особено во западниот дел на Сиднеј“, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс на прес-конференција.

Југоисточна Австралија вчера ја зафатија поројни дождови, што предизвикаа предупредувања до жителите да избегнуваат непотребни патувања и да останат во затворени простории. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан