• четврток, 26 март 2026

Рекордно висока излезност на германските избори – 83 отсто од гласачите излегоа на изборните места

Рекордно висока излезност на германските избори – 83 отсто од гласачите излегоа на изборните места

Берлин, 23 февруари 2025 (МИА) - Излезноста на парламентарните избори во Германија, одржани денеска, достигна 83 отсто, што претставува највисок одѕив од обединувањето на земјата во 1990 година, објави јавниот радиодифузер ЗДФ.

За споредба, на претходните национални избори во 2021 година, излезноста изнесуваше 76,4 проценти. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан