• недела, 05 јануари 2025

Си-Ен-Ен: САД и Кина разменија затвореници

Си-Ен-Ен: САД и Кина разменија затвореници

Вашингтон, 27 ноември 2024 (МИА) - Тројца американски затвореници беа ослободени од кинески притвор, а неодреден број кинески затвореници беа ослободени од американски притвор, како дел од размената на затвореници меѓу Вашингтон и Пекинг.

„Со задоволство можеме да кажеме дека Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леунг се ослободени од притвор во Народна Република Кина. Тие наскоро ќе се вратат и ќе се обединат со своите семејства за првпат по многу години“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, пренесува Си-Ен-Ен.

Тие беа ослободени во замена за неодреден број кинески затвореници во САД. „Благодарение на напорите на оваа администрација и дипломатијата со Кина, сите неправедно приведени Американци во Кина се дома“, рече портпаролот на Советот.

Ли и Свидан се водеа како незаконски приведени од американскиот Стејт департмент. Свидан беше уапсен во 2012 година под обвиненија поврзани со дрога и помина повеќе од една деценија во затвор, додека Ли е во притвор од 2016 година под обвинение за шпионажа. Леунг беше уапсен во 2021 година и осуден на доживотен затвор во 2023 година под обвинение за шпионажа. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан