• петок, 05 декември 2025

Семејството кое загина во хеликоптерската несреќа во Њу Џерси славело роденден на ќерката

Семејството кое загина во хеликоптерската несреќа во Њу Џерси славело роденден на ќерката

Вашингтон, 11 април 2025 (МИА) Семејството на Агустин Ескобар, шеф на шпанскиот огранок на „Сименс“ кое заедно со него загина вчера во пад на хеликоптер во реката Хадсон кај Џерси Сити, го славело деветтиот роденден на една од нивната ќерки.

Во трагичната несреќа загинаа сите пет членови на семејството и пилотот.

Претседателот Трамп ги нарече снимките од несреќата „ужасни“.

Како причина за падот на хеликоптерот експертите укажуваат на можен механички дефект поврзан со главниот ротор на хеликоптерот. кб/

фото: ЕПА

Остани поврзан