• сабота, 11 мај 2024

СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање

СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање

Женева, 4 мај 2024 (МИА) – Израелски копнен напад врз градот Рафа на крајниот југ на Појасот Газа, каде што хуманитарните групи проценуваат дека се засолниле 1,2 милиони Палестинци, може да заврши со „крвопролевање“, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на X напиша дека напад врз Рафа може да има „страшни последици“.

- СЗО е длабоко загрижена дека целосната воена операција во Рафа може да доведе до крвопролевање и дополнително да го ослабне и онака кревкиот здравствен систем, напиша Гебрејесус. јт/

Остани поврзан