• петок, 22 ноември 2024

Се шири епидемијата на морбили во Романија

Се шири епидемијата на морбили во Романија

Букурешт, 20 декември 2023 (МИА) - Расте епидемијата на морбили (сипаници) во Романија, пренесува информативниот сајт Зиаре и посочува дека во последната недела се регистрирани уште 445 случаи на заболени.

Вкупниот број на потврдени случаи на мали сипаници (морбили) достигна 2.455, што е зголемување за 445 во однос на претходната недела, покажуваат податоците на Националниот центар за надзор и контрола на заразните болести на Националниот институт за јавно здравје, пренесува Зиаре.

На 6 декември, романското Министерство за здравство прогласи национална епидемија на сипаници за да се овозможи вакцинација на децата на возраст меѓу девет и 11 месеци, како и на невакцинираните, во услови на алармантен пораст на случаите и висок број хоспитализации на заразени деца.

Според последните податоци на романските здравствени власти, најмногу регистрирани случаи на сипаници има во окрузите Муреш и Брашов во централна Романија. Епидемијата сега опфати 34 од вкупно 41 округ, вклучувајќи го и Букурешт, што е повеќе од 29 окрузи опфатени во времето кога беше прогласена.

Седуммесечно бебе почина од сипаници минатата недела, соопшти Националниот центар за надзор и контрола на заразни болести. ссм/

фото: архива

Остани поврзан