• петок, 10 мај 2024

Се уште не се исполнети условите за укинување на санкциите на ЕУ кон Косово, порача Стано  

Се уште не се исполнети условите за укинување на санкциите на ЕУ кон Косово, порача Стано  

Брисел, 2 мај 2024 (МИА) – Рестриктивните мерки што ЕУ ги воведе кон Косово ќе бидат укинати кога за тоа одлука ќе донесат земјите членки на Унијата, порача денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во однос на барањето на косовскиот премиер Албин Курти за укинување на санкциите кон Приштина. 

- Кога ЕУ ги воведе рестриктивните мерки кон Косово поради постојната состојба на криза и едностраните одлуки што водеа кон ескалација на односите со Србија, беше сосема јасно кажано дека тие ќе бидат укинати кога земјите членки, а не косовските политичари, ќе решат дека повеќе нема причини за нивно опстојување во сила, а тоа досега не се случи, изјави Стано. 

Тој нагласи дека евентуалната одлука за укинување на мерките би ја донеле земјите членки согласно заклучоците од декемврискиот Совет за општи работи, каде се наведени условите што треба да ги исполни Косово, додавајќи дека ЕК јавно не коментира внатрешни процедури што се во тек во институциите на ЕУ. 

Ndihma prej një miliard euro nga BE-ja për Libanin për periudhën prej 2024 deri 2027 që sot e ka paralajmëruar kryetarja e Komisionit Evropian, Ursula fon der Lajen në Bejrut përbëhet nga gra

- Можам само да потврдам дека дискусиите се во тек и дека мерките се уште не се укинати, истакна Стано, додавајќи дека засега не може да даде никаква временска рамка за нивно укинување. 

Во однос на Договорот за исчезнатите лица во косовскиот конфликт, склучен пред точно една година во Брисел меѓу Белград и Приштина, Стано нагласи дека за жал досега нема никаков напредок за негова имплементација.

- ЕУ очекува да може да види напредок и од двете страни. Тоа се однесува генерално и за дијалогот и посебно за оваа прашање. Договорите мора да бидат проследени со конкретни акции и не е Европската Унија таа што треба да има волја да презема акции, туку тоа треба да го прават страните, додаде Стано. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан