• недела, 22 декември 2024

Се уште не е отстранет дефектот на главен цевковод на регионалниот водовод Лукар

Се уште не е отстранет дефектот на главен цевковод на регионалниот водовод Лукар
Кавадарци, 30 март 2023 (МИА) - Дефектот на главен цевковод на регионалниот водовод Лукар се уште не е отстранет, интензивно се работи на проблемот, информираа вечерва од јавното претпријатие „Комуналец" од Кавадарци. 
 
- Следно известување за состојбата со водоснабдувањето е најавено за околу 22 часот. Молиме за трпение, дефектот е на многу тешко достапна локација и службите на ЈП Комуналец се на терен се до отстранување на проблемот, соопштија од комуналното претпријатие. 
 
За дефектот претходно информираа од јавните комунални претпријатија во Кавадарци и Неготино. Поради дефект на главниот цевковод во атарот на село Конопиште, што е на тешко пристапен терен и неговата сложеност, од неготински „Комуналец" соопштија дека ќе има прекин на водоснабдувањето од Кавадарци. 
 
- Поради тоа принудени сме да правиме редукција до санирање на дефектот. Со санирањето ќе се намалат линиските загуби и ќе биде подобрен дотурот на вода, информираа од неготинското комунално претпријатие. свд/цр
 
Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан