• сабота, 27 јули 2024

Се реконструира улица во населбата Превалец кај Велес

Се реконструира улица во населбата Превалец кај Велес

Велес, 9 декември 2023 (МИА) - Почна реконструкција на крак од улица „Јован Басаров" во населба Превалец кај Велес, во должина од 280 метри и ширина од 3,5 метри.
 Како што информира градоначалникот Марко Колев, овој крак досега неколкупати бил тампониран како привремено решение, но сега првпат се изведува со завршен бетонски слој.

Средствата за реконструкција се обезбедени од буџетот на Општина Велес.

-Со  тоа  се решава уште еден долгогодишен проблем на жителите од оваа населба. Продолжуваме со подобрување на патната инфраструктура и во другите делови од градот и  Општина Велес, најави Колев. ад/хс/

 

 

Остани поврзан