• недела, 22 декември 2024

Се реконструира Музејот во Демир Капија

Се реконструира Музејот во Демир Капија

Демир Капија, 19 ноември 2024 (МИА) - Се реконструира Музејот во Демир Капија, реконструкцијата на објектот е после повеќе децении, информираше денеска демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. 

- Вкупната вредност на проектот изнесува 4.358.138,84 денари, од кои 2.932.700,00 денари се обезбедени од Министерството за култура и туризам, додека останатите 1.425.438,84 денари се обезбедени од буџетот на општина Демир Капија, соопшти Петров. 

Тој појасни дека градежните работи опфаќаат промена на кровната конструкција на објектот, подобрување на енергетската ефикасност со поставување нова фасада, како и набавка на топлинска пумпа.

- Со реализација на двете фази од проектот ќе се добие музејска институција според сите стандарди, што, ќе продолжи да биде чувар на нашето материјално и духовно културно наследство, како и достоен репрезент на нашата култура и традиција. Се надеваме дека реконструираниот објект од заборавено место, ќе стане место што ќе изврши позитивно влијание за поттикнување на младите, а и сите граѓани од нашата општина, активно да се вклучат во културните активности за да создадеме поквалитетен живот за сите, подвлече градоначалникот. свд/бд/

Фото: Општина Демир Капија 

Остани поврзан