• четврток, 04 декември 2025

Распишан повик за доделување на стипендии за младите штипски спортисти

Распишан повик за доделување на стипендии за младите штипски спортисти

Штип, 3 јуни 2025 (МИА) - Општина Штип за првпат распиша јавен повик за доделување стипендии од областа на спортот како директна поддршка на младите и талентирани спортисти од општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и Никола Костадинов, претседател на Комисијата за спорт при Советот на Општина Штип на денешната прес-конференција информираа дека стипендиите се наменети за ученици-спортисти кои активно се натпреваруваат во индивидуални спортови и ученици-спортисти кои се натпреваруваат во екипни спортови.

- Во рамки на овој повик сите оние кои што имаа значајни достигнувања во областа на спортот во индивидуални спортови и колективни спортови, ќе имаат можност да се пријават и врз основа на критериумите коишто се наведени и комисијата која што ќе биде составена од пет члена, ќе бидат разгледани сите пријави кои што ќе се достават до нас како општина Штип, а со тоа ќе успееме да ги стипендираме и мотивираме, вели Јорданов.

Покрај поддршката која ја добиваат спортските клубови, Општина Штип за првпат одвојува финансиски средства за спортски стипендии со цел стимулирање на спортските надежи.

Преку правилник утврдени се критериумите за доделување на стипендиите.

-Основен услов за учество на повикот е учениците да се спортисти во клубови на град Штип и да бидат жители на град Штип. Инаку, критериумите се направени од повеќе детали, најпрво се гледа успехот од училиштето, потоа спортските достигнувања кои се класифицирани во повеќе делови. Тоа се олимписки спортови, Европски, Светски, Балкански првенства, Куп на Македонија и државни првенства. Бодувањето ќе го изврши Комисија од Советот на Општина Штип, изјави Костадинов.

 Буџетот за стипендиите изнесува три милиони денари и ќе бидат во повеќе категории од 3.000, 4.000, 5.000 и 6.000 денари, во  зависност од бодовите. Стипендијата се исплатува за 12 месеци. вдј/ац/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан