• сабота, 13 јули 2024

Се реконструира кујната во детската градинка во Вевчани

Се реконструира кујната во детската градинка во Вевчани

Вевчани, 23 февруари 2023 (МИА) - Со средства обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион денеска почна реконстркцијата на кујната во детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани.

Проектот, како што информира за МИА директорката Даниела Мурџеска, опфаќа целосна реконструкција на кујната, менување на водовдната мрежа и електричната инсталација, како и поставување нови плочки.

- Градежните активности почнаа денеска и во наредниот период ќе се работи на целосно менување на водоводната и елетричната инсталација, како и замена на плочките, истакна Мурџеска, нагласувајќи дека објектот од денеска е поврзан и на канализациската мрежа.

Во наредниот период, таа најави замена на внатрешните врати и прозорци во објектот, за што се предвидени 900.000 денари, преку проект на Центарот за развој на Југозападен плански регион и замена на постоечкото парно со електрични пумпи, инвестиција од околу два ипол милиони денари.

  • Инвестициите во комплетна внатрешна реконструкција на објектот ќе продолжат и во иднина за што веќе се обезбедени финансиски средства. Тоа ќе овозможи подобри услови за згрижување на најмлалите жители на Вевчани, но и подобри услови за работа, рече Мурџеска.

Околу 60 дечиња, кои престојуваат во Детската градинка во Вевчани изминатиот период добија и нови играчки со собраните средства од Новогодишниот базар, а занималните беа опремени со нови масички, столчиња, креветчиња, смарт телевизори и друга опрема потребна за непречено згрижување и едукација на најмалите. сс/цр

фото:МИА

Остани поврзан