• четврток, 14 ноември 2024

Се оддржа манифестацијата „Македонија живее“ во општина Гази Баба

Се оддржа манифестацијата „Македонија живее“ во општина Гази Баба

Скопје, 6 септември 2024 

Вчера, 05.09.2024 година на плоштадот во Автокоманда во организација на општина Гази Баба се оддржа манифестацијата во чест на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.

Пред граѓаните свое обраќање имаа градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и Министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Во обраќањето пред граѓаните, градоначалникот Стефковски истакна:

Денес кога одбележуваме 33 години од нашата независност, имаме должност да ги прелистаме страниците на долгата македонска историја, бидејќи не смееме да дозволиме правта на заборавот да ги покрие делата на илинденците, партизаните, асномците и бранителите. – истакна Стефковски.

Градоначалникот Стефковски се осврна и на актуелната политичка состојба за што порача:

За жал долги години по неговото прво заседание, една мината влада реши да го избрише токму АСНОМ од преамбулата на Уставот на Република Македонија. Па зарем некој мисли дека со менување на уставот може да ја избрише колективната историја на македонскиот народ? Секако дека не! Во услови на безнадеж проработи имунитетот на македонскиот народ. После долги години национални понижувања, Македонија доби влада која  знае дека постојат прашања за кој не се преговара, стекнати права за кои не се разговара и црвени линии преку кои не се поминува! – заклучи Стефковски.

На почетокот на настанот се оддржа перформансот “Македонија живее” во кој вокално инструменталната група Аманет изведе неколку македонски патриотски песни поврзани со историјата на македонија, а македонските актери Григор Јовановски и Ирена Илиевска ги прочитаа конститутивните документи, Манифестот на АСНОМ и Декларацијата за независност на Македонија. Крајот на перформансот го одбележа спектакуларната изведба на Заветна од страна на естрадниот уметник Бојана Скендеровски.

Покрај перформансот, настанот имаше и музичка програма во која учествуваа Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Андријана Јаневска и Ансамблот за народни песни и ора Јонче Христовски.

Со почит,

Општина Гази Баба 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Гази Баба 

Остани поврзан