Сенатот на американскиот конгрес го потврди Браун за нов претседател на Здружениот Генералштаб
- Сенатот на американскиот Конгрес го потврди генералот Чарлс Браун за нов претседател на Здружениот Генералштаб, пренесоа светските агенции.
Вашингтон, 21 септември 2023 (МИА) - Сенатот на американскиот Конгрес го потврди генералот Чарлс Браун за нов претседател на Здружениот Генералштаб, пренесоа светските агенции.
Афроамериканскиот генерал беше номиниран од претседателот Џо Бајден во мај и претставен како искусен воен човек кој поседува најголеми американски квалитети, но и мобилизиран против расизмот.
Браун ќе стане вториот Афроамериканец на највисоката воена функција по Колин Пауел од 1989 до 1993 година. Тој ќе поднесе извештај до секретарот за одбрана Лојд Остин, кој исто така е црнец.
Номинацијата на Браун беше одобрена со 83 наспроти 11 гласови.
Чарлс Браун е командант на американските воздухопловни сили и ќе го замени генералот Марк Мили на неговата нова функција кога ќе се пензионира на 29 септември. Браун е поранешен пилот. Тој беше опишан од Бајден како многу храбар и верен патриот. мс/
фото: МИА архива