• четврток, 21 ноември 2024

ЕУ и НАТО ќе соработуваат со Трамп за решавање на заедничките предизвици

ЕУ и НАТО ќе соработуваат со Трамп за решавање на заедничките предизвици

Брисел, 7 ноември 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека со нетрпение очекува повторно да работи со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за зајакнување на трансатлантските врски, додека генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека ќе работи со него за решавање на заедничката закана од Русија во Украина.

Урсула фон дер Лајен повторно му честиташе на Трамп за неговата „јасна победа“ и рече дека со нетрпение очекува повторно да соработуваат.

„Имам искуство во соработка со Трамп во неговиот претходен мандат. Ќе анализираме кои се заедничките интереси и ќе работиме на тоа“, изјави Лајен по пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

Лајен рече дека Европа мора да ги зајакне своите одбранбени капацитети и да преземе одговорност и да работи на надминување на предизвиците.

„Иднината на Европа е во наши раце и мора да дејствуваме сега“, рече Лајен. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан