• недела, 24 ноември 2024

Вучиќ очекува реакција на САД поради илегалниот премин на припадници на косовската полиција

Вучиќ очекува реакција на САД поради илегалниот премин на припадници на косовската полиција

Белград, 21 ноември 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека не очекува реакција од КФОР за илегалниот премин на група тешко вооружени членови на косовската полиција кај селото Чирковиќе, но дека се очекува реакција од САД.

„Американците знаат дека Курти намерно го наредил тоа. Тој очекуваше дека тоа ќе доведе до воведување на НАТО во конфликт со Србија. Следниот пат ќе реагираме во согласност со целосните правила на службата“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека ќе се побара од Американците „да не известат дали сме во право кога велиме дека ова е провокација на премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти“.

Министерството за одбрана на Србија, претходно денеска соопшти за тоа и го осуди тој потег како опасна провокација и закана за мирот. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан