• петок, 05 јули 2024

Седуммесечно бебе починало во охридската болница „Свети Еразмо“, било донесено со тешки повреди

Седуммесечно бебе починало во охридската болница „Свети Еразмо“, било донесено со тешки повреди

Охрид, 14 мај 2024 (МИА) – Полицијата денеска соопшти дека рано изутринава во 01:04 часот во СВР - Охрид  било пријавено дека во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое вчера попладне околу 16 часот било донесено во болницата од неговата мајка.

Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.

Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, додаваат од СВР - Охрид.

Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ побарала помош од повеќе лекари кои ја преупатувале до нивни колеги и други установи. аб/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан