• вторник, 05 ноември 2024

Убиениот во Тетово бил застрелан додека бил во возило 

Убиениот во Тетово бил застрелан додека бил во возило 

Тетово, 5 јули 2024 (МИА) - Вечерва во 20 часот и 35 минути во СВР Тетово е пријавено убиството на маж, за кого според првичните информации од самото место се дознава дека бил на околу 40 години. Според првичната информација на СВР Тетово кон човекот било пукано додека бил во возило. 

-Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило „Мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Улицата „Штипска“ е затворена за сообраќај и се врши увид од полицијата. ас/ев/

ФОТО; МИА

Остани поврзан