• петок, 21 февруари 2025

Северна Кореја со критики за САД поради договорот за нуклеарни подморници

Северна Кореја со критики за САД поради договорот за нуклеарни подморници

Пјонгјанг, 20 февруари 2025 (МИА) - Северна Кореја жестоко ги критикуваше Соединетите Американски Држави за договорот со Австралија за нуклеарни подморници во рамките на безбедносното партнерство АУКУС, оценувајќи го како закана за регионалната стабилност.

Во коментар пренесен од државната агенција КЦНА, Пјонгјанг ја осуди американската стратегија на „нуклеарни сојузи“, вклучувајќи го АУКУС и трипартитната соработка меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Според договорот, Австралија ќе плати три милијарди долари за зајакнување на американската подморничка индустрија, а Вашингтон ќе ѝ продаде неколку подморници на нуклеарен погон од класата „Вирџинија“ до почетокот на 2030-тите. Австралија веќе изврши прва уплата од 500 милиони долари.

Севернокорејските власти оценија дека САД го гледаат Пјонгјанг како главна пречка за својата хегемонија во регионот и ја осудија зголемената воена соработка меѓу Јужна Кореја, Јапонија и САД, нарекувајќи ја „азиска верзија на НАТО“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан