Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич поднесе оставка поради несогласувања со Бен Гвир
- Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, синоќа поднесе оставка од функцијата, потврди неговиот портпарол.

Тел Авив, 1 април 2025 (МИА) - Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, синоќа поднесе оставка од функцијата, потврди неговиот портпарол.
Според локалните медиуми, Смотрич се повлекол во знак на протест против лидерот на ултранационалистичката партија „Еврејска моќ“, Итамар Бен Гвир, и неговото барање за поголемо влијание во владата при евентуално реформирање на коалицијата.
Иако оставката на Смотрич е значајна, се проценува дека таа нема да ја урне коалицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. ссм/
фото: архива