• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Владината коалиција функционира беспрекорно кога треба да се скријат аферите

СДСМ: Владината коалиција функционира беспрекорно кога треба да се скријат аферите

Скопје, 22 август 2024 

- Премиерот Христијан Мицкоски во неверојатна изјава за медиумите рече дека владината коалиција функционирала беспрекорно. Тој со тоа потврдува дека сите заеднички афери на коалициските партнери ДПМНЕ и Вреди не придонесуваат да се нарушат односите и тој ќе ги штити оние кои го кршат законот. 

Толку беше од неговите гласни ветувања за политичка одговорност, сега беспрекорно ќе се штитат меѓусебно во кршењетона законите, своеволието и криењето на скандалите. 

Мицкоски наместо да биде коректор на лошите политики и однесување на функционерите во неговата коалиција, тој се постави како заштитник и промотор на ваквите политичари. Со оваа изјава, можеме да бидеме сигурни дека одговорност кај ниеден функционер нема да има, ниту кај оние од ВМРО-ДПМНЕ ниту кај коалициските партнери.

СДСМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 


 

Остани поврзан