СДММ се приклучи кон хуманитарната акција „Проект среќа - Тука сме едни за други“
- Социјалдемократската младина на Македонија се приклучи на хуманитарната акција организирана од Проект среќа и денес донираше комплети училиштен прибор за децата на кои што им е најпотребно, о
Скопје, 19 август 2022
Социјалдемократската младина на Македонија се приклучи на хуманитарната акција организирана од Проект среќа и денес донираше комплети училиштен прибор за децата на кои што им е најпотребно, од Здружението за заштита на правата на детето. Живееме во турбулентно време на предизвици, човечки е да излеземе во пресрет на децата и семејствата посочи претседателот на СДММ Михаилоски, откако беше извршена донацијата.
“Децата никогаш не треба да бидат жртви на класни поделби, а секое едно дете заслужува да има сѐ што е потребно за да учи, се образува и порасне во човек, спремен утре да се бори со нови предизвици на идните времиња.
Ја стартуваме оваа мисија на Меѓународниот ден на хуманоста со цел да ги поттикнеме и мотивираме сите да ни се приклучите. Во децата секогаш треба да се вложува и затоа одовде и сега ги повикуваме сите наши Локални клубови ширум државата, останатите политички подмладоци, организации, но и сите граѓани кои се во можност, да се организираат, да набават што е потребно и да се приклучат на оваа акција, зашто децата се нашата иднина! Придружете ни се! “ изјави Марко Михаилоски, претседател на СДММ.
Центар за комуникации на СДСМ, _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.