• недела, 12 мај 2024

СВР Тетово: За два месеци расчситени 17 кривични дела поврзано со недозволена тровија со дрога

СВР Тетово: За два месеци расчситени 17 кривични дела поврзано со недозволена тровија со дрога

Тетово, 4 март 2024 (МИА) - Во изминатите два месеци, јануари и февруари, на тетовско-гостиварското подрачје откриени  и целосно расветлени се вкупно 17 кривични дела за недозволената трговија со наркотични средства во кои биле инволвирани 18 сторители. Десет од кривичните дела се однесуваат на тетовскиот регион, а седум на гостиварскиот. Од 18-те сторители 11 биле од тетовско, а седум од гостиварско.

-Сите кривични дела се заокружени со кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик. Во овие кривични дела биле пронајдени и одземени над три килограми марихуана, кокаин, мешавина од марихуана и тутун и гранки од „канабис“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според аналитичките податоци на СВР Тетово, во двата месеци изготвени се и 12 барања за поведување на прекршочна постапка против 15 сторители, најмногу за „уживање на опојни дроги“. Во овој период за инволвираност во вакви кривични дела или прекршоци вкупно биле лишени од слобода 38 лица од кои 22 во тетовско и 16 во гостиварско. ас/сст/

фото МВР 

 

 
 
 

 

 

Остани поврзан