• сабота, 18 мај 2024

СВР-Битола: Намалување на вкупниот криминал во Битола

СВР-Битола: Намалување на вкупниот криминал во Битола

Битола, 4 август 2023 (МИА) - Секторот за односи со јавност на СВР-Битола информира дека на подрачјето на СВР-Битола во првите седум месеци од оваа година регистрирани се 151 тешка кражба, а тоа споредено со минатата година е значитално намалување бидејќи бројот на пријавени тешки кражби во истиот период евидентирани се 502 тешки кражби.

Според архивата на СВР-Битола во текот на првото полугодие од 2023 година вкупниот број на извршени кривични дела на подрачјето на Битола бележи намалување за 43 насто.

-Во текот на првото полугодие од 2023 година, на подрачјето на Битола извршени се 723 кривични дела и споредено со минатата 2022 година бележи драстично намалување. Во овој период од страна на Одделението за криминалистичката полиција при СВР Битола, преземени се низа мерки и активности како и реализирани бројни превентивни активности за заштита на имотот на граѓаните, поголема самозаштита на граѓаните од разбојништва, дрски кражби, измами, злоупотреби на лични податоци, измами при вработувања, заштита од пожари на отворен простор, заштита на шумите од пожари и од незаконска сеча, борба со недозволената трговија со дрога и оружје како и многу други активности, со што на подрачјето на Битола се бележи намалување за 70 проценти на бројот на извршените тешки кражби, соопштија од СВР-Битола.

Во текот на минатиот месец јули, на подрачјето на Битола биле пријавени 11 тешки кражби за разлика од минатата 2022 година кога тој број бил три пати поголем.

-Во седум месеци  од 2023 година има вкупно 151 тешка кражба, а истиот период во 2022 бројот на тешки кражби изнесувал 502 или 351 тешка кражба помалку од минатата година. Намалувања се бележат во делот на извршените кривични дела кражби и кривичните дела со елементи на насилство-разбојништва. Во делот на недозволената трговија со дрога и оружје поднесени биле 28 кривични пријави за сторени 37 кривични дела против 38 сторители, соопштија од СВР-Битола. мт/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан