• вторник, 25 јуни 2024

Свештеник пријавил непознати лица во полиција дека го симнале црковното знаме од јарбол на црковниот имот на Попова Шапка

Свештеник пријавил непознати лица во полиција дека го симнале црковното знаме од јарбол на црковниот имот на Попова Шапка

Тетово, 28 ноември 2023 (МИА) - Две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија.  информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  ас/цр

Фото: скриншот Црковен одбор 

Остани поврзан