• недела, 22 декември 2024

СБ на ОН првпат повика на прекин на огнот во Појасот Газа

СБ на ОН првпат повика на прекин на огнот во Појасот Газа

Њујорк, 25 март 2024 (МИА) – Советот на безбедност на Обединети нации денеска усвои резолуција со која се бара „итен прекин на огнот“ во Појасот Газа.

СБ на ОН првпат по шестмесечната војна во Појасот Газа бара „итен прекин на огнот“.

„За“ резолуцијата гласаа 14 земји, а само САД беа „воздржани“.

Резолуцијата беше поднесена од повеќе држави, меѓу кои и Алжир, Гвајана, Малта, Мозамбик, Сиера Леоне, Словенија и Швајцарија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан