• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сарафимов: Врнежите од дожд добри за житариците во штипскиот регион

Сарафимов: Врнежите од дожд добри за житариците во штипскиот регион

Штип, 3 април 2025 (МИА) – Врнежите од дожд се добри за земејоделските култури, особено за  житариците, изјави денеска Гоце Сарафимов потпретседател на Асоцијација на земјоделци. Тој истакна дека само во штипскиот регион има наврнато околу 110 литри дожд, што какошто вели добро ќе биде за житните култури.

-До пред 15 до 20 дена житарицата беше во многу лоша состојба, меѓутоа во последните десет дена има наврнато 110 литри дожд во штипско и околината и мислеме дека тоа е многу добро за есенската сеидба на житарицата. Се зголеми водостојот на реките, браната Калиманци започна да се полни, вели Сарафимов.

Тој посочува дека земјоделците се надеваат на бериќетна година.

Штипјанецот, Киро Маџунаров кој со децении го мери водостојот на реката Брегалница, кај штипско Ново Село вели дека  водостојот на реката Брегалница е одраз на врнежите од дожд и снег во источниот регион.

-Само ќе ви кажам еден податок за Брегалница дека во месец март, 15 дена имаше 64 сантиметри. Водата во река Брегалница е одраз на врнежите. Можам слободно да кажам дека во месец февруари имаше само еден литар врнежи на метар квадратен, рече Маџунаров.

Тој рече дека една од посушните година е минатата година. Според неговите мерења реката Брегалница најголемиот водостој го имала во 2013 година, кога нивото на реката изнесувал 413 висински столб. вдј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан