Богата програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро
- Со низа содржини, едукативни и културно забавни настани наредните два дена ќе биде одбележан 21 јуни - Денот на Охридското Езеро.
Охрид, 19 јуни 2025 (МИА) - Со низа содржини, едукативни и културно забавни настани наредните два дена ќе биде одбележан 21 јуни - Денот на Охридското Езеро.
Збиднувањата почнуват утре во 13 часот, на плоштадот Долна Порта, со настапот на Даниел Јовески што ќе се одржи во рамки на фестивалот „Balkan Music Square“ што по мала пауза повторно се враќа на сцената во Охрид.
На самиот Ден на езерото - 21 Јуни, предвидени се повеќе содржиништо почнуваат во 10 часот кај споменикот „Фаќач на крст“ каде ќе се одржи презентација на нуркачка опрема, а во 13 часот на плажите Канео и Лабино ќе се одржи еко-акција „Супер чистка“.
Истовремено пред плажата „Горица 1“ ќе се одржи дефиле на едрилици, додека исто така од 10 часот во Градската библиотека ќе има поетско читање на поети од крајезерските градови Охрид, Струга и Поградец.
По повод Денот на Езерото ќе се одржи и панел дискусија за климатските промени и едукативна прошетка со брод на водните живеалишта.
Предвидена е прошетка низ Охрид и Струга, како и посета на спомен собата во некогашната охридска касарна.
Празнувањата ќе бидат заокружени со вториот фестивалски ден на „Balkan Music Square“ и концертот на уметниците Дамјан Пејчиноски, Николче Милески, Љубојна и гостинката од Албанија Алба Далјани. Музичкиот хепенинг е предвиден за од 13 до 16 часот на плоштадот кај Долна порта. аб/ев/
фото/МИА архива