• понеделник, 20 мај 2024

Санчо утре се враќа во Борусија, договорена позајмица

Санчо утре се враќа во Борусија, договорена позајмица

Дортмунд, 4 јануари 2024 (МИА) - Џејдон Санчо утре ќе се приклучи на Борусија Дортмунд, објави „Билд“.

Позајмицата од Манчестер јунајтед е целосно договорена. Претставниците на Борусија Дортмунд и на премиерлигашот ги договориле најголемиот дел условите, остануваат само детали поврзани со плаќањето на даноците за изнајмување.

Трансферот на Џејдон ќе ја чини Борусија околу три милиони евра.

Санчо утре треба да му се приклучи на Дортмунд на тренинг кампот во Марбеља.

„Скај Спорт Дојчланд“ додава дека Џејдон многу брзо ги прифатил сите услови кои му ги понудила Борусија. Можно е договорот да вклучува и опција за откуп. Дефинитивно нема да има задолжителен откуп.

Да потсетиме, Санчо во летото 2021 година од Борусија се пресели во Манчестер јунајтед за 85 милиони евра. Тој нема играно за Јунајтед од август поради конфликт со тренерот Ерик тен Хаг. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан