• вторник, 16 јули 2024

Санкционирани 14 возачи под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Тетово

Санкционирани 14 возачи под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Тетово

Скопје, 3 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, ноќеска во периодот од 22 до 04 часот спровеле акциска контроли за санкционирање на возачи кои возеле под дејство на алкохол, при што санкционирани се 14 возачи.

Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи кај тројца возачи било утврдено присуство на алкохол од еден ипол до два промили во крвта.

Возачите се исклучени од сообраќај и изготвени се пријави со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.

Во акциската контрола изречени се и 11 други прекршоци. свс/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан