• сабота, 06 јули 2024

Сака поради повреда нема да игра за Англија

Сака поради повреда нема да игра за Англија

Лондон, 10 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака нема да може да учествува на претстојните натпревари на Англија, пренесува „BBC Sport“.

Според британскиот медиум, Англиската фудбалска федерација го повлече 22-годишниот Англичанец од составот поради повреда на тетивата. 

На 3 октомври, во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Ленс, Сака беше заменет во 34. минута од натпреварот поради болка во ногата.

Селекцијата на Англија на 13 октомври ќе игра пријателски против Австралија, четири дена подоцна (17 октомври) ќе се соочи со Италија во квалификациите за ЕП 2024. зс/

Фото:ЕПА

Остани поврзан