• среда, 15 мај 2024

Саем на мед и пчеларска опрема „Слатки денови на Тетово“

Саем на мед и пчеларска опрема „Слатки денови на Тетово“

Тетово, 15 септември 2023 (МИА) -  Саем за презентација и продажба на мед и пчеларска опрема ќе се одржи денеска и утре на градскиот плоштад во Тетово. Манифестацијата е насловена „Слатки денови на Тетово“, а ја организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“.  

-Оваа манифестација„Слатки денови на Тетово“,  е петта по ред. Повеќе десетици пчеларите кои се членови на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ ќе се претстават со нивните производи на плоштадот, информира Владимир Петровски од „Полошки мед“.

Во претходните години двете здруженија организираа и натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед“ но годинава нема да се одржи.ас/лв/
фото Здружение Полошки мед 

Остани поврзан