• сабота, 27 јули 2024

САД, Јужна Кореја и Јапонија ќе дејствуваат посилно против севернокорејската закана

САД, Јужна Кореја и Јапонија ќе дејствуваат посилно против севернокорејската закана

Сеул, 9 декември 2023 (МИА) - САД, Јужна Кореја и Јапонија се договорија за нови иницијативи за да се спротивстават на сајбер заканата на Северна Кореја, вклучувајќи лансирање сателити и злоупотреба на криптовалути, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Советниците за национална безбедност од САД, Јужна Кореја и Јапонија се состанаа денеска во Сеул, бидејќи Пјонгјанг предупреди дека ќе лансира нови шпионски сателити.

Саливан додаде дека оваа средба уследи по трилатералната средба во август во Кемп Дејвид, чиј домаќин беше американскиот претседател Џо Бајден, каде што лидерите на трите земји ветија дека ќе ја продлабочат безбедносната и економската соработка.

-Покренавме нови трилатерални иницијативи за да се спротивставиме на заканата од Северна Кореја, од сајбер криминал и перење криптовалути до тестирање на вселенски и балистички ракети, рече Саливан, додавајќи дека координираните напори на сојузниците ќе бидат насочени и кон можна економска закана.

Севернокорејските медиуми објавија дека Пјонгјанг е решен наскоро да лансира нови шпионски сателити, нарекувајќи го дел од своето право на самоодбрана.

По разговорите со Саливан и јапонскиот колега Такео Акиба, јужнокорејскиот советник за национална безбедност Чо Тае-јонг рече дека тие размениле размислувања и за Украина и Блискиот Исток.

Саливан додаде дека „ќе продолжи да се бори за мир и стабилност во Тајванскиот теснец и слобода на пловидба во источното и јужното кинеско море“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан