• недела, 22 декември 2024

САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас

САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас

Вашингтон, 19 ноември 2024 (МИА) - Вашингтон денеска и порача на Турција дека како нивен сојузник оваа земја не треба да биде домаќин на лидерите на палестинската организација Хамас.

Во врска со тврдењето дека некои лидери на Хамас се преселиле од Катар во Турција, портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека одредени лидери на оваа организација се под обвиненија од САД, поради што треба да бидат екстрадирани во САД.

-Ние мислиме дека лидерите на оваа сурова терористичка организација не треба да живеат удобно никаде, што секако го вклучува и големиот град на еден од нашите клучни сојузници и партнери, рече Милер.

Анкара ги отфрла тврдењата дека Хамас го преселил своето политичко седиште во Турција, но наведува дека членовите на организацијата понекогаш ја посетуваат.

Хамас соопшти дека тоа се гласини кои Израел понекогаш ги шири, пренесуваат британските медиуми.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан