• понеделник, 23 декември 2024

САД ја повикаа Кина да се вклучи во преговорите за нуклеарно разоружување со Москва

САД ја повикаа Кина да се вклучи во преговорите за нуклеарно разоружување со Москва
Вашингтон, 22 јануари 2020 (МИА) - САД на Конференцијата за разоружување ја повикаа Кина да се вклучи во тристраните преговори за нуклеарно разоружување со Москва, нарекувајќи ја тајноста на Пекинг во однос на неговите зголемени арсенали „сериозна закана за стратешката безбедност“. Конференцијата за разоружување почна вчера во Женева, а годинава претседавач е Алжир. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата година изјави дека во разговор со неговиот руски колега, Владимир Путин, на тема ограничување на нуклеарното оружје, укажал дека се надева во преговорите да се вклучи и Кина, за да се склучи сеопфатен договор меѓу трите најголеми нуклеарни сили во светот. Пекинг засега одбива да учествува во такви преговори. - Со оглед на тоа дека нуклеарниот арсенал на Кина во последните десет години се зголемил приближно два пати, сметам дека е време да се спроведат трилатерални преговори, изјави во Женева Роберт Вуд, американскиот претставник во преговорите за разоружување. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан