• вторник, 26 ноември 2024

САД ставија 14 руски танкери на црната листа

САД ставија 14 руски танкери на црната листа

Вашингтон, 24 февруари 2024 (МИА) - Американските власти ставија на црната листа 14 руски нафтени танкери за да наметнат ограничување од Западот на цената на суровата нафта што ја продава Москва.

Санкциите воведени од Министерството за финансии на САД се насочени кон руската национална компанија „Совкомфлот“.

Таа компанија доби рок од 45 дена за истовар на нафта и друг товар од 14 бродови.

Мерката доаѓа во пресрет на втората годишнина од руската инвазија на Украина. паг/

Фото: МИА архива


  

 

Остани поврзан