• петок, 27 декември 2024

Блинкен се согласи да сведочи пред Конгресот за повлекувањето од Авганистан

Блинкен се согласи да сведочи пред Конгресот за повлекувањето од Авганистан

Вашингтон, 26 септември 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се согласи да сведочи пред Конгресот за повлекувањето на американските трупи од Авганистан.

Претседателот на Комитетот за надворешна политика, Мајкл Мекол, рече дека по неколку месеци „обиди и борби“ успеал да обезбеди присуство на Блинкен на сослушувањето на 11 декември.

Комитетот претходно го обвини Блинкен дека ги игнорирал повиците за сведочење, пишува Њујорк пост.

Комитетот на Блинкен ќе му поставува прашања во врска со советите кои американската администрација ги игнорирала во врска со последиците од целосна евакуација, што доведе до пад на Кабул и трагедија во август 2021 година.

Критиките се фокусираат на фактот дека високи функционери советувале задржување на помал контингент војници, додека американскиот претседател Џозеф Бајден инсистирал на брзо повлекување. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан