• сабота, 23 ноември 2024

САД подготвија нацрт-резолуција на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа

САД подготвија нацрт-резолуција на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 21 март 2024 (МИА) - Соединетите Американски Држави подготвија нацрт-резолуција за Советот за безбедност на ОН со која се повикува на „итен прекин на огнот поврзан со ослободување на заложниците“ во Појасот Газа, изјави државниот секретар Антони Блинкен.

Дипломатот го објави ова за време на турнејата на Блискиот исток, во рами на која утре ќе го посети и Израел.

Клучниот сојузник на Израел, Соединетите Држави ставија вето на претходните гласања во Советот за безбедност на ОН за речиси шестмесечната војна, при што на последното гласање во февруари имаа забелешка на терминот „итен прекин на огнот“ во нацрт-резолуцијата поднесена од Алжир.

Меѓутоа, во последните недели Вашингтон го засили притисокот врз својот сојузник, истовремено инсистирајќи на тоа дека милитантите на Хамас мора веднаш да ги ослободат заложниците кои тие ги киднапираа за време на нападот на Израел на 7 октомври.

- Ние всушност имаме резолуција што ја претставивме токму сега пред Советот за безбедност на Обединетите нации, која повикува на итен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците и се надеваме дека земјите ќе го поддржат тоа - рече Блинкен во Саудиска Арабија. .

- Мислам дека тоа би испратило силна порака, силен сигнал - изјави тој синоќа за саудискиот медиум Ал Хадат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го уништи Хамас како одмазда за нападите на 7 октомври.

- Се разбира, ние стоиме покрај Израел и неговото право да се брани... но, во исто време, императив е цивилите кои се во опасност и кои толку страшно страдаат - да се фокусираме на нив, да ги натераме приоритет да е заштитата на цивилите и  обезбедувањето хуманитарна помош, истакна Блинкен. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан